Европска експертиза на домашен терен: субпериостални импланти за сложени дентални случаи
Некаде меѓу неизбежноста на генетиката и прашањето за личен избор се наоѓа плодна почва за пресврт во човековото однесување. На оваа тенка граница, фигуративно совршената насмевка од чисто естетски императив прераснува во резултат на врвна медицинска интервенција кога поединецот се исправува пред предизвикот познат како целосна атрофија (потрошеност) на коската на вилицата. За луѓето кои се соочуваат со овој проблем, субпериосталните импланти нудат излез без преседан.
Денес, субпериосталните импланти доживуваат спектакуларно враќање на сцената на модерната стоматологија – некогаш се користеа како решение во случаи кога класичното поставување импланти не беше возможно а денес се број еден во рехабилитација на сложени случаи на целосно губење на коскената маса на вилицата. Овој стандард на домашен терен го носи д-р Атанас Павлески со својата француска експертиза, кој истакнува: „Враќањето на субпериосталните забни импланти не е само носталгично потсетување на минатото, туку вистинско сведоштво за тоа како модерната технологија успеа да го подобри овој концепт. Со субпериосталните забни импланти се постигнуваат исклучителни естетски резултати, побрза рехабилитација и чувство на природни заби, што директно влијае на квалитетот на живот на пациентите”.
На патот до наоѓање вистинска стручна поддршка, поединците со атрофија на виличната коска развиваат заштитни механизми при комуникација со светот: престануваат слободно да се смеат, ја покриваат устата додека зборуваат, се повлекуваат од социјалните средби и губат дел од сопственото самопочитување, мислејќи дека сите очи се вперени во нивната „ранлива” зона.
„Нашата мисија во П.З.У. д-р Павлески е да овозможиме пациентите кои веќе ја загубиле надежта повторно да добијат функционални и убави заби. Овие импланти се прават поединечно за секој пациент, следејќи ги анатомските контури на виличната коска. Тие се посебни затоа што не се вградени во коската како традиционалните импланти, туку се поставуваат директно на коската под непцата, овозможувајќи стабилност и функционалност, дури и во екстремно тешки случаи на губење на коскената маса”, заклучува д-р Атанас.
Понекогаш и дома го имаме најдоброто од светската медицина. Довербата укажана на домашни доктори честопати може да помогне да го заштедиме најскапото – непремостливиот стрес и трошоците за неизбежните патувања. Кога совршениот спој на знаење, европско искуство и професионален интегритет е на дофат, прашањето за избор престанува да биде дилема, бидејќи свесните индивидуи се дистанцирани од идејата за правење компромис со сопственото здравје.
фото ПЗУ Др-Павлески/ПР


