Centar.mk
фото АИ
АНАЛИЗАБИЗНИС

АНАЛИЗА: Буџетското усогласување не значи откажување од гасификацијата

Измените во буџетската потпрограма „Гасификација“ не треба автоматски да се толкуваат како кратење на средствата за изградба на гасоводите или откажување од развојот на гасната инфраструктура. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини појаснува дека станува збор за буџетско усогласување што треба да се разгледува во контекст на намената на средствата и реалните можности за нивна реализација.

Средствата за кои претходно беше дадено образложение биле планирани за набавка и складирање природен гас за стратешки резерви. За реализација на ваквата набавка, покрај обезбедувањето гас и складиштен простор, неопходен е и сигурен транспортен капацитет до земјата. Ограничената достапност на прекуграничните капацитети кон Бугарија влијае врз можноста набавката да се реализира според првично планираната динамика.

Од Министерството нагласуваат дека изградбата на гасоводната инфраструктура е одделен процес, со конкретни договори, извори на финансирање и утврдени технички фази. Како потврда за продолжувањето на активностите се посочуваат градежните работи на интерконекторот со Грција, подготовката на поврзувањето со Србија и техничките проверки на домашните гасоводни делници.

На гасоводот со Грција, долг 68 километри на македонска територија, се заварени 43 километри цевки, а 18 километри се спуштени во ров. Воедно, се работи на подготовка на домашните делници со вкупна должина од 277 километри.

Конкретните активности на терен покажуваат дека развојот на гасификацијата продолжува. Владината политика во овој сегмент е насочена кон создавање услови за функционална инфраструктура и посигурно снабдување, при што буџетските одлуки треба да се оценуваат според нивната конкретна намена и можноста за реализација.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, под постојан супервизорски надзор

ДЕСК

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

ДЕСК

Скопје подготвено за најголемиот регионален настан за е-трговија

ДЕСК