Повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна се пронајдени на просторот на старата касарна во Битола, во близина на населени куќи под Тумбе Кафе.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пиротехничарските екипи продолжуваат со расчистување на теренот. На истата локација во мај годинава биле откриени повеќе од 2.000 неексплодирани убојни средства.
Поради ризикот од активирање, ваквите предмети не смеат да се допираат или преместуваат од неовластени лица.


