Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори.

Залудни им се обидите да се исперат пред јавноста, затоа што секој во државата знае дека Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски се негови први другари.

Додека беа на власт му правеа пречеци со црвен тепих, јавно го фалеа, му се заблагодаруваа и велеа дека со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ градат одлични односи на соработка.

Така, во екот на ковид-кризата, Венко Филипче како тогашен министер за здравство, заедно со неговиот ментор Заев, свечено ја пречекуваше донацијата на вакцини од Србија, предводена од Вучиќ, со јавни пофалби и благодарности.

И, нормално, недостигот на вакцини во Македонија се случи затоа што од нивната набавка сакаа да ќарат провизија во нивните џебови.

Зоран Заев, пак, по објавувањето на разговорите со руските пранкери, во кои зборуваше за Вучиќ, јавно, понизно и со свиткана кичма му се извинуваше на српскиот претседател. Подоцна на гранични премини следуваа големи пречеци, средби и величања на ликот и делото на Александар Вучиќ.

Негувањето на блиски, другарски, односи со поранешниот српски претседател го продолжи и следниот премиер и претседател на СДС, Димитар Ковачевски, кој заедно со Вучиќ до раните утрински часови пиеја, пееја и се веселеа.

Значи, српскиот свет за кој СДС на чело со Филипче го зборува, го промовираа Венко, Заев и Ковачевски, исто како што ги промовираа и бугарскиот и рускиот свет.

Но, никако не станаа промотори на македонскиот, како што не ги штитеа ниту македонските национални интереси, достоинство, култура, јазик, историја.
Му слугуваа на кој стигнат, само за свои лични интереси, на штета на интересите на граѓаните и државата, затоа и сега се таму каде што се, во длабока опозиција, со низок рејтинг на граница на статистичка грешка, без доверба од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДOМ: Граѓаните не живеат од проценти – бараме економија што носи пристојни плати, чист воздух и европски институции

ДЕСК

Што јадеме? – АХВ во Радовиш и Пепелиште одземеде околу 2 тони месо и производи од месо

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Валандово се развива преку инвестиции во инфраструктурата, водоснабдувањето и подобри услови за живот во сите делови на општината

ДЕСК