Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури ќе се движат од 4°C до 12°C, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 10°C до 19°C.
Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.


