СВР Штип поднесе кривична пријава против маж од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
На 10.10.2025, пријавениот поднел барање за издавање на возачка дозвола со образложение дека претходната ја изгубил, а при проверка било констатирано дека претходната возачка дозвола му била одземена од полициски службеници во Грција.


