По парламентарните избори во Израел, ниту блокот на Бенјамин Нетанјаху ниту неговите противници немаат сигурно мнозинство од 61 пратеник, според досегашните изборни податоци.
Партијата Ликуд изнесе обвинувања за изборни нерегуларности, но изборната комисија не потврдила докази за широко распространети неправилности. Следуваат консултации за составување влада, во кои помалите партии можат да имаат решавачка улога.


