Осум компании поврзани со набавка на лекови, медицинска опрема и сродни услуги во Црна Гора оствариле вкупна нето-добивка од 55,7 милиони евра во период од три години.
Според податоците што ги објавила организацијата Акција за социјална правда, нивната нераспределена добивка на крајот на минатата година надминала 70 милиони евра. Компаниите заедно вработувале 582 лица.


