Економиите на Западен Балкан се очекува да остварат просечен раст од 3,1 проценти во 2026 година, наспроти 2,6 проценти минатата година. За 2027 година прогнозата предвидува забрзување до 3,4 проценти.
Светската банка предупредува дека трговските бариери, административните постапки и ограничувањата на услугите го отежнуваат работењето на компаниите. Според нејзините процени, значително намалување на преостанатите увозни пречки би можело дополнително да го поттикне регионалниот БДП.


