Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.

Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК

Приведен 30-годишен гевгеличанец: При претреси пронајдени марихуана и куршум

ДЕСК

Во струмичка фирма недостигаат речиси осум тони сув цвет од медицински канабис

ДЕСК