Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изрази очекување дека наскоро би можело да се постигне решение за обесштетувањето на поранешните затвореници од логорот Морињ. Според неговата изјава, Загреб очекува одговор од црногорската страна.
Прашањето е дел од пошироките билатерални разговори меѓу двете земји. Грлиќ Радман посочил дека прашањето за морската граница може да се решава и по евентуалното пристапување на Црна Гора во ЕУ. Договор за обесштетување сè уште не е потврден.


