На 27.10.2026 на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода две државјанки на Перу, на возраст од 27 и 26 години.
При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на 27-годишната жена биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на 26-годишната жена било пронајдено едно пакување со марихуана.
Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


