На 27 и 28.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица, двајца жители на Скопје на возраст од 43 и 27 години, 24-годишен жител на с.Идризово, скопско, 28-годишен жител на с.Кондово, скопско, и 20-годишен жител на Делчево, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и материја со кафеава боја.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.


