Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ШЕСТМИНА ВОЗАЧИ УАПСЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Сите возеле без положен возачки испит, меѓу нив и 17-годишник

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Сите лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 34-годишник и 17-годишник од Скопје, 23-годишник од с.Грчец, скопско, 24-годишник од с.Страчинци, скопско, 22-годишник од с.Врапчиште, гостиварско, и 18-годишник од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК