Centar.mk
фото: Сектор за односи со јавноста и информација на граѓаните / ОПШТИНА КАРПОШ
ЛОКАЛНО

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во период од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје, спроведоа заедничка инспекциска акција на целата територија на Општината. Целта беше да се постигне комунален ред и хигиена на јавните површини, со примена на засилена контрола на терен од страна на комунални инспектори. Акцијата беше реализирана со полн капацитет на инспекциските служби од двете институции, а Општината беше поделена на пет реони од кој секој реон беше предмет на контрола во две смени.

Во текот на вчерашниот ден, акцијата заврши со целосна контрола на територија на Бардовци и Злокуќани, каде што беше спроведено и чистење на јавни површини, диви депонии, а беа изречени и повеќе прекршочни платни налози.

Во акцијата учествуваа вкупно 45 инспектори и комунални редари од двете институции и тоа: девет комунални инспектори, 17 комунални редари, еден градежен иснпектор, шест инспектори за животна средина, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за сообраќај, двајца инспектори за комунални такси, еден инспектор за данок, тројца инспектори за спорт и двајца инспектори за туризам, како и службата за одржување на хигиена на јавните површини од Општина Карпош.

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Во рамки на еднонеделната инспекциска акција, утврдени се низа неправилности:

1.Комунална инспекција – комунални инспектори:
• Извршени се 192 инспекциски надзори,
• донесени се 19 решенија за одстранување недостатоци,
• изречени се 34 опомени,
• изречени се 42 глоби за физички лица,
• изречени се 27 глоби за правни лица.

2.Инспекција за животна средина:
• Извршени се 90 инспекциски надзори,
• издадени се 15 покани за присуство на странка,
• донесени се 17 решенија за одстранување недостатоци,
• издадени се 32 опомени за правилно селектирање на отпад,
• изречена е една глоба.

3.Инспекција за туризам:
• Извршени се 15 инспекциски надзори,
• изречени се седум глоби,
• издадено е едно решение за одстранување недостатоци,
• изречени се две усни опомени.

4.Инспекција за спорт:
• Извршени се 21 инспекциски надзор,
• изречени се четири глоби,
• издадени се шест решенија за задолжување.

5.Комунална инспекција – комунални редари:
• Извршени се 231 надзор,
• изречени се 134 глоби.

6.Инспекција за патишта:
• Извршени се 39 инспекциски надзори.

7.Инспекција за комунални такси и данок на имот:
• Извршени се 41 инспекциски надзор.

8.Инспекција за сообраќај:
• Извршени се 80 инспекциски надзори,
• одземени се пет сообраќајни дозволи,
• издадени се пет решенија.

9.Градежна инспекција:
• Извршени се 29 инспекциски надзори,
• издадени се пет покани за присуство на странка,
• изречени се 15 усни опомени, по кои надзираните субјекти постапили веднаш.

Општина Карпош и Град Скопје продолжуваат со засилено и координирано делување на терен и во наредниот период, а посебен акцент ќе се стави во УЗ Злокуќани.
Локалната самоуправа апелира до своите граѓани и правни субјекти, да ги почитуваат законските обврски, како и правилно да го одлагаат и селектираат отпадот.

фото: Сектор за односи со јавноста и информација на граѓаните / ОПШТИНА КАРПОШ

Можеби ќе ве интересира

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

ДЕСК