Centar.mk
фото: Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани.

Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата.

Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација.

Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци.

фото: Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

ЕЛКА ОД 13 МЕТРИ И СВЕТЛЕЧКИ УКРАСИ ЗА СКОПЈЕ – Новогодишното украсување проценето на 4,5 милиони денари

ДЕСК

ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ – Ѓорѓиевски бара итна истрага од МВР и проверка на снимките од „Безбеден град“

ДЕСК

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК