Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СООБРАЌАЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – Повреден 17-годишник, автомобилот избегал од местото на несреќата

На 25.10.2026 во ОВР Гостивар било пријавено дека во 18:30 часот на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Гостивар.

Во незгодата со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

По извршените проверки било констатирано дека малолетникот го управувал мопедот без возачка дозвола.

По насоки на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, против малолетникот е поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК