Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.

Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка.

Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните.

фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

ДЕСК

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК

Мојсоска: Божиновска е на добар пат Македонија да ја претвори во рударска колонија на странскиот капитал

ДЕСК