Centar.mk
фото Моцарт/ПР
БИЗНИС

Полна сала и овации за „Избраниот“: Компанијата Mozzart продолжува да ја поддржува културата

Вечер исполнета со смеа, одлична енергија и позитивна атмосфера ја одбележа изведбата на претставата „Избраниот“ во Театар Комедија. Салата беше исполнета до последно место, а публиката со воодушевување ја следеше секоја сцена, наградувајќи ги актерите со гласни аплаузи и насмевки.

Компанијата Mozzart, која обезбеди бесплатни билети за љубителите на театарот, уште еднаш покажа дека искрено верува во моќта на културата и нејзиното значење за заедницата. Големиот интерес и преполната сала беа најдобра потврда дека ваквите иницијативи се вредни и потребни.

Брилијантните изведби на актерската екипа донесоа незаборавно театарско доживување, а бројните реакции од присутните потврдија дека „Избраниот“ ги оправда очекувањата и приреди вечер за паметење.

Преку поддршката на културни настани и проекти, Mozzart продолжува да инвестира во уметноста и да создава можности таа да биде достапна за што поголем број граѓани, потврдувајќи ја својата посветеност на развојот на културниот живот во земјата.

 

фото Моцарт/ПР

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА ПОНЕДЕЛНИК – Еве колку ќе вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк на 16 ноември

ДЕСК

КОСОВО ВРАТИ НАД 12 ТОНИ МАКЕДОНСКИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ – АХВ најави вонредна инспекција

ДЕСК

ДИЗЕЛОТ СО ПЛАФОН ОД 94,50 ДЕНАРИ – Што важи пред понеделничката пресметка?

ДЕСК