ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ВОНРЕДНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче си ја ишка мувата од капата.
Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки.
Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ.
Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ.
Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава.
Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот.
Сестринската партија на СДС во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДС во Србија е на 9-тото место. А СДС пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДС со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција.
Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста.
фото видео ВМРО ДПМНЕ


