Centar.mk
фотографијата е генерирана со АИ
СВЕТ

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПАЦИФИКОТ КАЈ ЈАПОНИЈА – Магнитуда од 7 степени, без опасност од цунами

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени е регистриран во Пацификот, во близина на јапонските острови Огасавара, приближно илјада километри јужно од Токио.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека по потресот нема опасност од цунами.
Земјотресот се случил на голема длабочина, од околу 470 километри.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првично објавил пониска проценка за магнитудата, од 6,3 степени.

Иако епицентарот бил оддалечен од густо населените области, потресот бил почувствуван во пошироки делови од источна и североисточна Јапонија. Земјата се наоѓа во една од најактивните сеизмички зони во светот.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК

УНИВЕРЗИТЕТ ШТО ЈА НАПУШТИ УНГАРИЈА ПОРАДИ ОРБАН РАЗМИСЛУВА ЗА ВРАЌАЊЕ – Нов сигнал по политичките промени во Будимпешта

ДЕСК

ОН ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ТРАГЕДИЈА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ХОРМУЗ – 25 загинати морнари и 134 поморски инциденти

ДЕСК