Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат претежно од 5 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 12 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во делови од западна Македонија, каде дневната температура ќе се задржи околу 12 степени, додека во југоисточните предели ќе биде потопло, со максимални температури до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.


