Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОЖАР МЕЃУ ДВЕ ЗГРАДИ ВО ИЗГРАДБА ВО СКОПЈЕ – Зафатени импровизиран објект и контролна табла за управување со кран

На 24.10.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ацо Шопов“ во Скопје настанал пожар во импровизиран објект и контролна табла од која бил управуван кран, сопственост на правно лице од Скопје, а бил сместен помеѓу две згради во изградба.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.