Centar.mk
фото Centar.mk (c) сите права заддржани
РЕГИОН

И ВО ПОДГОРИЦА РЕАКЦИИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – Огномет по објавувањето на првите проценки

Реакции на изборните случувања во Србија вечерва се забележани и во Црна Гора.

Според известувањето на подгоричкиот портал „Вијести“, во главниот град бил испукан огномет по објавувањето на првите изборни проценки.

Во извештајот не е наведено кој го организирал огнометот. Настанот се случува во период на големо медиумско внимание во регионот кон парламентарните избори во Србија.