Centar.mk
СВЕТ

ДВАНАЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ФЛОРИДА – Меѓу нив шест деца, три лица во тешка состојба

Најмалку 12 лица се повредени во вооружен инцидент во близина на стадионот „Брег меморијал“, во рамките на Универзитетот Флорида А&М во американскиот град Талахаси. Меѓу повредените има шест деца, а тројца од настраданите се во тешка здравствена состојба.

Според првичните полициски информации, на пукањето можеби му претходела физичка пресметка. Надлежните започнале истрага за да утврдат како дошло до инцидентот и кој е одговорен.

По настанот, универзитетската администрација ги предупредила студентите и вработените да се држат подалеку од местото на пукањето. За останатите повредени е соопштено дека нивната состојба е стабилна.