Centar.mk
фотографијата е генерирана со АИ
СВЕТ

ЗЕМЈОТРЕС ВО ТИБЕТ СО ЖРТВИ – Најмалку 16 загинати и десетици повредени

Силен земјотрес го погоди регионот Тибет во Кина, при што според информациите пренесени од кинеските државни медиуми загинале најмалку 16 лица, а 46 се повредени.

Информациите укажуваат на сериозни последици во оддалечено планинско подрачје, каде што пристапот до погодените населени места може да биде отежнат. Надлежните служби ја проценуваат штетата и состојбата на терен.