Centar.mk
фото лого на Мајрософт / Photo by: Microsoft - press release
ТЕХНОЛОГИЈА

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СО 83 ОТСТО ТОЧНОСТ – „Мајкрософт“ објави резултати од тестирање медицински дијагнози

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека нејзиниот систем со вештачка интелигенција MAI-DxO постигнал точност од 83 проценти при дијагностицирање сложени медицински случаи во симулирано тестирање. Според податоците презентирани од компанијата, лекарите кои користеле медицински референтни материјали постигнале точност од 36 проценти во споредбениот тест.

Истражувањето опфатило 304 сложени случаи преземени од The New England Journal of Medicine, а системот користи повеќе AI-агенти за анализирање симптоми, избор на дијагностички тестови и формулирање заклучоци. Резултатите биле претставени во истражување објавено во научното списание Science.

И покрај високата точност во тестирањето, резултатите не значат дека вештачката интелигенција може самостојно да ги замени лекарите. Тестирањето било симулирано, а споредбата не вклучувала специјалистички медицински тимови. „Мајкрософт“ најавува дополнителна клиничка евалуација во болнички услови.