Centar.mk
фото Претседателски кабинет / 31.03.2026
МАКЕДОНИЈА

НОВА ПОРАКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН ЕУ – Сиљановска-Давкова бара јасни критериуми и проширување врз основа на заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан треба да се темели на јасни критериуми, исполнување на европските стандарди и доследна примена на принципот на заслуги. Ставот го изнесе во Будимпешта, каде што присуствуваше на работен ручек организиран од унгарскиот претседател Андраш Бака.

За време на разговорите, претседателката ја нагласила потребата од кредибилен процес на проширување и ја истакнала поддршката што Унгарија ја дава за македонските евроинтеграции. Како можности за продлабочување на билатералните односи ги посочила поинтензивниот политички дијалог, посетите на високо ниво и јакнењето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се осврнала и на потребата од реформи во меѓународните организации, со цел помалите држави да добијат поголемо влијание во одлучувањето за глобалните прашања. Според неа, превентивната дипломатија е особено важна во справувањето со современите кризи.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

ДЕСК

Новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка објавени на ЕНЕР

ДЕСК

Стојаноски: Буџетот за 2027 година носи повисоки плати и пензии, нови инвестиции, подобар животен стандард и посилна економија

ДЕСК