Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека членството на Црна Гора во Европската Унија во 2028 година е реална перспектива. На прес-конференцијата по Самитот на Берлинскиот процес во Милочер, тој истакна дека напредокот на Подгорица создава основа за конкретен европски распоред.
Мерц разговарал и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за отворените прашања меѓу двете земји. Според неговата оценка, спорните билатерални теми можат да се решат без да станат пречка за европската интеграција.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ соопшти дека земјата ги доставила своите позиции за преговарачките поглавја 23 и 24, изразувајќи надеж за нивно затворање во декември.


