Канадската воена полиција соопшти нови сознанија од истрагата за пожарот во воената база Вејнрајт во провинцијата Алберта, во кој на 17 октомври загинаа четворица војници, а десетици беа повредени. Според истражителите, пожарот започнал на воен полигон за автоматски фрлачи на гранати, додека се изведувала редовна воена обука.
Огнот првично останал во зоната на воениот полигон, каде пристапот на противпожарните служби бил ограничен од безбедносни причини. Ненадејната промена на насоката и брзината на ветерот довела до многу брзо ширење на пламенот кон просторот каде што се наоѓале војниците.
Истрагата за околностите и евентуалната одговорност продолжува. Канадската воена полиција наведува дека засега нема индикации дека инсталациите за природен гас биле причина или биле погодени од пожарот.


