Centar.mk
фото/видео ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИЗЈАВА на Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

Навистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.

Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква.

Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти.

Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница.

Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ