Centar.mk
фото Уставен суд
-МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.
Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.
„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство.

Говорот интегрално прочитајте го на веб страницата на Судот: https://ustavensud.mk/2026/10/%d0%ba%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be/

фото Уставен суд