Centar.mk
РЕГИОНТЕХНОЛОГИЈА

ГРЦИЈА ГИ ЗАБРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 15 ГОДИНИ – Законот е изгласан, ќе важи од 2027 година

Грчкиот парламент го усвои законот со кој од 1 јануари 2027 година се воведува ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години. Законското решение беше изгласано по долга собраниска расправа, а го поддржа владејачката Нова демократија.

Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу објасни дека платформите ќе мора да проверуваат дали корисниците ја исполнуваат возраста. За таа цел е предвидена употреба на системот Kids Wallet, кој треба да ја потврдува возрасната категорија без откривање дополнителни лични податоци.

Опозициските партии изразија несогласување со делови од решението, но законот го доби потребното парламентарно мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМ МИНУТИ МОЛК ВО ЗАГРЕБ – Студентите бараат вистина за смртта на млад пациент

ДЕСК

СРБИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ – Централната банка ја подигна референтната стапка на 6 проценти

ДЕСК

СРБИЈА ПРЕД ЕНЕРГЕТСКИ ПРОБЛЕМ – Рафинеријата во Панчево се подготвува за можен прекин

ДЕСК