Centar.mk
АРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА / PHOTO CENTAR.MK (C) COPYRIGHT 2026
МАКЕДОНИЈА

Task Force: Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана

На 21.10.2026 година во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода маж (40) од Гостивар.

При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Следува пад на температурите, еве што нè очекува

ДЕСК

ДРАМА ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА ВО ШТИПСКО – 14-годишно дете тешко повредено при бегство, еден уапсен

ДЕСК

НОЌНО АПСЕЊЕ НА ТАБАНОВЦЕ – Албански државјанин приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола

ДЕСК