Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре (23 октомври 2026 година, петок) во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.
Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“.
Сиљановска-Давкова ќе присуствува на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите ќе го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.
По повод одбележувањето на 70-годишнината ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера. Комеморацијата ќе заврши со прием во Музејот на ликовните уметности на плоштадот „Херои“, чијшто домаќин ќе биде премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.
За време на посетата на Унгарија, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.
Фото Кабинет на Претседателот


