Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА ВО ПАРКИРАН „СЕАТ“ – Кривична пријава за 36-годишен скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.02.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „сеат алтеа“, во кое бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.