Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИТЕ УСТАВНИ СУДИИ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА – Во Приштина се разговара за заштитата на демократијата

Делегација на Уставниот суд на Македонија учествува на меѓународна конференција во Приштина, посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократското функционирање на институциите. Делегацијата ја предводи претседателот Дарко Костадиновски, а учествуваат и судиите Фатмир Скендер и Ана Павловска-Данева.

Костадиновски е најавен како говорник на панел посветен на владеењето на правото и институционалната рамнотежа. На конференцијата учествуваат претставници на уставни судови од повеќе европски земји, меѓу кои Литванија, Словенија, Австрија и Босна и Херцеговина.

Настанот се организира по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Косово.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ПРЕД ВИКЕНДОТ – УХМР најави ветер, дожд и пониски температури

ДЕСК

НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК НА 200 ДЕНАРИ – Амандманот не доби поддршка

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК