Centar.mk
СВЕТ

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ФРАНЦИЈА – Најмалку тројца загинати, евакуации и илјадници домови без струја

Силните дождови предизвикаа тешки поплави во јужниот дел на Франција, при што, според досегашните информации, загинале најмалку три лица. Регионалните власти соопштија дека водостојот на одредени локации достигнал рекордни нивоа, а голем број домаќинства останале без електрична енергија.

Во Лансон-Прованс биле пронајдени телата на две жени, на возраст од 86 и 26 години, кои настрадале во поплавен подрум. Трета жена, на возраст од 75 години, загинала во Сен-Митр-ле-Ремпар. Пријавено е и едно повредено лице.

Околу 250 жители на Арл и Сен-Мартен-де-Кро биле сместени во евакуациски центри. Невремето предизвикало значителна материјална штета, прекини во патниот и железничкиот сообраќај и проблеми со телефонските врски.