Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ГО ЗАПРЕЛЕ СО МОПЕД, ПА УТВРДИЛЕ ДЕКА НЕМА ДОЗВОЛА – Млад битолчанец лишен од слобода

На 21.10.2026 во 19:05 часот на ул.„Борка Талев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 24-годишник од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од 24-годишникот, при што било констастирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.