Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДВА ФИЗИЧКИ НАПАДА ВРЗ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО СКОПЈЕ – Девојче нападнато во сендвичарница, момче од свој соученик

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници биле пријавени во СВР Скопје на 21 октомври 2026 година. Едниот случај се однесува на напад врз малолетничка во Ѓорче Петров, а другиот на напад врз малолетник во Карпош.

На 21.10.2026 во 09:15 часот во СВР Скопје, 41-годишник од Скопје пријавил дека на 20.10.2026 околу 15:00 часот во сендвичарница на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, 36-годишник од Скопје пријавил дека на 19.10.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК