Во Македонија започна имунизацијата против сезонски грип, а здравствените власти ги повикуваат граѓаните од ризичните категории навреме да се заштитат. Најголем број пријавени лица има во Скопје, Прилеп, Струмица и Тетово.
Во текот на претходниот ден до здравствените установи биле испратени 5.500 дози вакцини. Надлежните апелираат вакцинацијата да ја искористат и здравствените работници, поради нивната секојдневна изложеност на контакти со пациенти.
Вакцинацијата е една од главните превентивни мерки за намалување на ризикот од потешки компликации предизвикани од сезонскиот грип.


