Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЗАМИНАЛ ДА РАБОТИ НА КУЌА, НО НЕ СЕ ВРАТИЛ ЖИВ – Почина скопјанец, 38-годишник од струен удар

На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, маж(38) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.