Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Колективни договори со 99% од јавните институции, реален раст на платите 2 години по ред, најниска инфлација во Европа и 8 квартали по ред економски раст од над 3% 

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Политиката на СДС и Филипче изминативе 2 години се темели на неколку постулати, а тие се лаги, манипулации, ширење на паника и хистерија, создавање на хаос и секако, посакување да и се случи нешто лошо на Македонија за тие одма тоа да можат да го искористат за некаков ситен политички поен, кој се уште не сфаќаат дека не им го дава посакуваниот ефект, туку напротив, тонат се повеќе и стануваат полека но сигурно, маргинална партија.

СДС и Филипче до пред само 2 години беа на власт во Македонија – 7 години. Заев, Ковачевски и Филипче ја уништија, посрамотија, потценија и потчинија државата на секаков можен начин.

Во делот на економијата, „експертите’’ од СДС во 2024 година, кога ја напуштија Владата, ја оставија државата без пари, односно, Буџетот за 2024 година им беше испланиран точно до јуни месец, затоа што и самите знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, па не ги интересираше како граѓаните и Владата понатаму ќе се справуваат со празната државна каса.

Неколку месеци вработени во Пошта, АД Водостопанство и Национални шуми не земаа плата. Земјоделците од 2021 година немаа земено субвенции и нивните продукти завршуваа на буниште. Платите растеа за 5% додека инфлацијата беше 15%, а пензиите расте за 180 денари годишно. Цената за струјата во нивниот мандат се зголеми за 50%. Јавниот долг отиде над 60%, или околу 9 милијарди евра, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да враќа долгови на владата на СДС, секоја година до 2031 година, ќе враќаме над милијарда евра долгови наследени.

Направивме колективни договори со државните службеници сите годишно ќе добиваат повисоки плати, односно реален раст на платите, затоа што инфлацијата во Македонија е најниска во регионот. Имаме раст на БДП осум квартали по ред над 3%, последниот раст за вториот квартал беше 4,2% што значи дека успешно ги водиме економските политики, и затоа на СДС им е криво, бидејќи тие не знаат како да водат држава, а не да не ја ограбат и опустошат.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе работи во интерес на граѓаните, со отворање на нови работни места, зголемени плати и подобар животен стандард.