Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Собрание: Потпишан колективниот договор со МАНУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, од една страна, и претседателот на Синдикалната организација при Македонската академија на науките и уметностите, Блажо Вујовиќ, од друга страна, денес го склучија Колективниот договор на Македонската академија на науките и уметностите.

Колективниот договор воспоставува јасна рамка за унапредување на правата на вработените во МАНУ, обезбедувајќи правичен третман, вреднување на одговорностите и професионалниот придонес, како и зајакнување на правната сигурност и транспарентноста во работните односи.

Процесот започнa кон крајот на 2025 година со доставувањето на Предлог колективниот договор од синдикалните организации во МАНУ до претседателот на Собранието и продолжи со донесувањето на Одлуката за давање на овластување за склучување поединечен колективен договор од 18.02.2026 година. Со оваа Одлука Собранието, основач на јавната установа Македонска академија на науките и уметностите го овластува претседателот на Собранието да склучи поединечен колективен договор со претседателот на Синдикалната организација при Македонската академија на науките и уметностите, репрезентативен синдикат на ниво на работодавачот Македонска академија на науките и уметностите.

Во преговорите учествуваа од една страна претставници на основачот од Службата на Собранието, од Министерството за економија и труд и од Минстерството за финансии, а од другата страна членовите на Одборот за преговори на репрезентативните синдикални организации во МАНУ.

Во процесот на преговарање беа усогласени ставовите поради што денес страните пристапија кон потпишување на Колективниот договор на Македонската академија на науките и уметностите.

фото Собрание