Centar.mk
РЕГИОН

ПАДНАЛЕ ПЛАФОНСКИ ПЛОЧИ ВО БЕЛГРАДСКО ПОРОДИЛИШТЕ – Бебињата превентивно преместени, нема повредени

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија дошло до паѓање на неколку спуштени плафонски плочи во празна просторија на Клиниката за гинекологија и акушерство. Просторијата претходно била испразнета поради блиските градежни работи во рамките на реконструкцијата на објектот.

Болничкото раководство одлучило превентивно да ги премести новороденчињата од другите простории на истиот кат. Според официјалното соопштение, ниту едно бебе, родилка или вработен не е повреден.

Болницата нагласува дека мерката е преземена од претпазливост, за да се спречи евентуален дополнителен ризик за пациентите.