Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД 2 ДО 25 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска сончеви периоди, облаци и локален дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Според температурите прикажани на картата, највисоки дневни вредности се очекуваат во јужните и југоисточните подрачја, каде што температурата ќе достигне околу 24 до 25 степени.

Во централните делови дневните температури ќе се движат претежно околу 21 до 24 степени, додека во делови од северните и источните подрачја се очекуваат максимални температури од околу 20 степени.

Во западните предели ќе биде посвежо, со дневни температури кои на одделни места ќе достигнуваат околу 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сочневи периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.