Centar.mk
СВЕТ

МАСК ПОД ПРАШАЊА ЗА ВОЕНИОТ САТЕЛИТСКИ СИСТЕМ – Извештај тврди дека наредил ограничувања за Starshield

Нови информации за користењето на американската воена сателитска технологија во Украина отвораат прашања за одлуките на компанијата SpaceX. Според извештај на „Волстрит џурнал“, пренесен од бугарската БНТ, Илон Маск наводно наредил забавување на работата на системот Starshield, воениот сегмент на сателитската мрежа Starlink.
Во извештајот се наведува дека прашањето било предмет и на комуникација меѓу Маск и американскиот претседател Доналд Трамп.

Медоиумите пренесуваат дека претседателот бил незадоволен од украинските напади врз руски рафинерии и нивното влијание врз цените на горивата.
Маск не ги потврдил директно наводите од извештајот. Претходно изјавил дека одлуките за ограничување на военото користење на системот се во надлежност на американските воени власти и претседателот.