Во повеќе грчки градови денеска се одржуваат протести на ученици, студенти, наставници и родители со барања за поголеми вложувања во јавното образование. Во Атина демонстрантите се собраа кај Пропилеите, по што организираа протестен марш низ централното градско подрачје.
Според грчката јавна телевизија ЕРТ, на собирот во Атина учествувале околу 3.000 лица, додека паралелни активности биле организирани во Солун, Патра, Лариса и на Крит. Меѓу главните барања се подобрување на условите за настава и заштита на јавното образование.
Протестите се дел од поширока синдикална и студентска мобилизација, а во одредени делови од градовите имало привремени ограничувања во сообраќајот.


