Centar.mk
фотографијата е генерирана со АИ
РЕГИОН

БУГАРИЈА И ТУРЦИЈА СО ЗАЕДНИЧКИ МЕРКИ ВО ЦРНОТО МОРЕ – Договорена посилна соработка по нападите врз трговски бродови

Бугарија и Турција ќе ги зајакнат заедничките активности за безбедноста на пловидбата во Црното Море. Договорот бил постигнат во телефонски разговор меѓу бугарскиот премиер Румен Радев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во бугарската ексклузивна економска зона.

Двајцата соговорници се согласиле дека треба да се унапреди билатералната соработка, но и трилатералните иницијативи со Романија. Разговарале и за можноста од прекин на воените напади врз комерцијалните пловила, како начин да се намалат ризиците за меѓународната трговија.

На средбата биле отворени и прашања поврзани со граничните премини, транспортната поврзаност и можна европска финансиска поддршка за инфраструктурни проекти.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен поранешниот српски министер за економија Раде Баста

ДЕСК

Вучиќ: Србија живее во време на страв, денес ќе ги презентирам сите информации за политичкиот терор

ДЕСК

Апсења по поразот на партијата на Вучиќ, над 90 лица приведени во Србија

ДЕСК