Centar.mk
ЛОКАЛНО

2. НОВИ КОМУНАЛНИ РЕДАРИ ВО БУТЕЛ – Најавени контроли и казни за фрлање отпад и уништување јавен имот

Општина Бутел воведува комунални редари кои ќе вршат засилени контроли на јавните површини. Според најавата на градоначалникот Дарко Костовски, редарите ќе работат во две смени, ќе располагаат со службени возила и ќе интервенираат при нарушување на комуналниот ред.

Посебно внимание ќе се посвети на незаконското фрлање отпад, создавањето диви депонии и оштетувањето на општинскиот имот. За утврдени прекршувања се предвидува санкционирање согласно надлежностите и важечките прописи.

Од општината посочуваат дека целта на мерката е да се воспостави поголема одговорност кон заедничкиот простор и да се подобри чистотата на населбите.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

ДЕСК

Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

ДЕСК

Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година.

ДЕСК